ДВАЈЦА УБИЕНИ ВО МАФИЈАШКА ПРЕСМЕТКА ВО СТАРАТА СКОПСКА ЧАРШИЈА

    ДВАЈЦА УБИЕНИ ВО МАФИЈАШКА ПРЕСМЕТКА ВО СТАРАТА СКОПСКА ЧАРШИЈААрххивска фотографија (СДК.МК)

    Двајца се убиени, а еден е повреден во пресметка во кафуле на влезот на старата скопска чаршија од страната на Калето во понеделнкот навечер.

    Според првичните информации од полицијата и од дежурниот јавен обвинител  неколку маскирани лица со огнено оружје влегле во кафулето нешто по 20 часот и пукале кон двајца кои починале на лице место, додека повредениот бил пренесен во болница со прострелни рани.

    Напаѓачите избегале со возило, кое според полициски информации подоцна било најдено запалено.

    МВР и Обвинителството во понеделник навечер не излегоа со дополнителни информации.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира