ДВЕ ГОДИНИ ТРУДНИЦИТЕ И РОДИЛКИТЕ БЕЗ ЗДРАВСТВЕНО ОСИГУРУВАЊЕ НЕМААТ ПРАВО НА БЕСПЛАТНИ ПРЕГЛЕДИ, ВЕЛАТ ОД АСОЦИЈАЦИЈАТА ХЕРА

    ДВЕ ГОДИНИ ТРУДНИЦИТЕ И РОДИЛКИТЕ БЕЗ ЗДРАВСТВЕНО ОСИГУРУВАЊЕ НЕМААТ ПРАВО НА БЕСПЛАТНИ ПРЕГЛЕДИ, ВЕЛАТ ОД АСОЦИЈАЦИЈАТА ХЕРАОд денешната Национална конференција на тема „Здравствени политики за сите: Зајакнување и поддршка на девојките, жените и ранливите групи“, што се одржува во организација на Хера – Асоцијација за здравствена едукација и истражување. (Фото: ХЕРА)

    Трудници и родилки кои не се здравствено осигурувани немаат право на бесплатни здравствени услуги, рече денеска Борјан Павловски од Здружението за еманципација, солидарност и еднаквост на жените на Националната конференција на тема „Здравствени политики за сите: Зајакнување и поддршка на девојките, жените и ранливите групи“, што се одржува во организација на Хера – Асоцијација за здравствена едукација и истражување.

    Од ХЕРА велат дека како дел од проектот биле направени анализи на четири здравствени превентивни програми во Македонија: Програмата за активна здравствена заштита на мајките и децата, Програмата за рана детекција и скрининг на малигни заболувања, Програмата за партиципација при користење на здравствена заштита на одделни заболувања на граѓаните и здравствената заштита на родилките и доенчињата и Програмата за заштита на населението од ХИВ инфекција.

    „Тие покажуваат дека со Програмата за рана детекција на малигни заболувања е планиран опфат од само 25.000 жени годишно (наместо планираниот опфат од наместо 115.345) од целната група на жени кои треба да бидат опфатени со скрининг за период од три години. Жените кои немаат здравствено осигурување, од 2022 се оставени без бесплатни прегледи во бременоста и породување. Во 2023 искористени се 94 % од средствата од целокупниот буџет на Програмата за активна здравствена заштита на мајките и децата (искористени се 16,8 милиони денари од предвидени 18 милиони). Но, буџетските ставки наменети за најранливите категории на жени бележат најнизок процент на реализација: од предвидени 890.000 денари, потрошени се 316.190 денари (35% реализација)“, рекоа од ХЕРА на конференцијата.

    Според Елизабета Божиноска, програмска директорка на ХЕРА, анализите на граѓанските организации покажаа дека, не само што има недостаток на финансиски средства за опфат за соодветна превенција во здравството туку треба значајно да се подобри и имплементацијата.

    „Важно е вклучувањето на граѓанските организации во здравствена промоција и нудење на услуги особено за ранливите групи до кои не стигнува здравствениот систем, и од плурализацијата во здравството придобивки ќе имаат сите“,  рече Божиноска.

    Аким Али, претставник на Светската здравствена организација (СЗО) во Македонија рече дека превенцијата и заштитата од болести се клучни во секој здравствен систем, без разлика дали се работи за имунизацијата на малите деца за да ги спречиме смртоносните болести како морбили или големата кашлица, или пак спречување на болести како туберкулоза, или третман на ХИВ, затоа што раната детекција и третман се многу важни. Тој додаде дека исто така, многу е значајно да се работи на здравствената заштита кај жените, како и на повозрасните граѓани.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира