Попладнево во скопскиот трговски центар „Ист гејт”, две лица пукале во 39-годишник од Скопје.
Како што велат од Министерството за внатрешни работи, околу 15.50 часот во СВР Скопје е добиена пријава дека во гаражите на трговски центар во Скопје едно лице кое било со патничко возило „ауди“, пукало кон Р.Т. (39) од Скопје, но не го погодило.
„Во возилото, според пријавеното, имало уште едно лице. Повредени лица нема. Известен е јавен обвинител и се преземаат мерки за расчистување на случајот”, велат од МВР.