ЕДНОГОДИШНО БЕБЕ НОВОЗАРАЗЕНО СО СИПАНИЦИ, ДОСЕГА ВАКЦИНИРАНИ 3.356 ДЕЦА

    ЕДНОГОДИШНО БЕБЕ НОВОЗАРАЗЕНО СО СИПАНИЦИ, ДОСЕГА ВАКЦИНИРАНИ 3.356 ДЕЦАМеѓу болните кои се лекуваат од мали сипаници на Клиниката за инфективни болести е едногодишно бебе од населбата Чаир, кое не е вакцинирано и не посетувало градинка (Фото: СДК.МК)

    На Клиниката за инфективни болести примено е едногодишно бебе заразено со мали сипаници. Од Министерството за здравство велат дека детето е од Општина Чаир, не било вакцинирано и не посетувало градинка. Во моментов, на Клиниката се хоспитализирани 22 лица со мали сипаници, од кои 90 отсто се деца.

    Од почетокот на епидемијата со морбили во Скопје од втори јануари досега со вакцината МРП (морбили, рубеола, паротит) вакцинирани се 3.356 деца.

    Од Министерството за здравство повикаа родителите да ги вакцинираат децата, и нагласуваат дека вакцините се безбедни и квалитетни.

    Откако беше прогласена епидемија во целиот град, здравствените власти забранија градинките и училиштата да примаат невакцинирани деца.

    Е. БОЧВАРОСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира