ЕКСДИРЕКТОРОТ НА УБК САШО МИЈАЛКОВ ИЗЛЕГУВА ОД ЗАТВОР НА 23 МАЈ, НЕ СМЕЕ ДА НАПРАВИ КРИВИЧНО ДЕЛО ДО 25 АПРИЛ ВГОДИНА

    ЕКСДИРЕКТОРОТ НА УБК САШО МИЈАЛКОВ ИЗЛЕГУВА ОД ЗАТВОР НА 23 МАЈ, НЕ СМЕЕ ДА НАПРАВИ КРИВИЧНО ДЕЛО ДО 25 АПРИЛ ВГОДИНАКривичниот суд на први април го пушти Мијалков само 4 месеци порано, односно му даде да излезе во декември 2024 година. На ова осудениот се жалел и од Апелација добил уште минус 7 месеци условен отпуст (Фото: СДК.МК)

    Поранешниот директор на Управата за безбедност и контраразузнавање (УБК) Сашо Мијалков, кој призна вина во предметот „Империја“ за перење пари и се спогоди за затворска казна (од отворен вид) во траење од 3 години, излегува предвреме од затвор на 23 мај.

    Апелациониот суд Скопје му ја прифати жалбата и му дозволи условен отпуст, соопшти денеска судот. За да не се врати во затворот во Струга, тој треба до фактичката казна до 25 април 2025 година да не направи ново кривично дело.

    „Апелациониот суд Скопје во интерес на јавноста и медиумите информира дека постапувајќи по кривичниот предмет КР-84/24, на  нејавна седница на ден 14.05.2024 година, донесе решение со кое ја уважи жалбата на осудениот С. М. од С. и решението на Основниот кривичен суд Скопје го преиначи така што осудениот се отпушта на ден 23.05.2024 година од издржување на казната затвор, под услов до истекот на условниот отпуст – 25.04.2025 година, да не стори ново кривично дело“, соопшти Апелација.

    Истовремено, под став II од изреката, жалбата на Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција Скопје е отфрлена како недозволена, согласно Законот за изменување и дополнување на законот за извршување на санкциите, дополни Апелација.

    Кривичниот суд на први април го пушти Мијалков само 4 месеци порано, односно му даде да излезе во декември 2024 година. На ова осудениот се жалел и од Апелација добил уште минус 7 месеци условен отпуст.

    С. К. ДЕЛЕВСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира