Потребна е поголема вклученост на експертите во работата на собраниските комисии, како можност која ја дава Деловникот за работа на Собранието, за тие да придонесат за донесување поквалитетни законски решенија, е заклучокот од денешната средба на претседателот на Собранието Талат Џафери и амбасадорот на Кралството Холандија Вилем Ваутер Пломп.
Како што соопшти Собранието, Џафери и Пломп разговарале и за формите за поголема транспарентност и видливост на Собранието и како до подобро запознавање на граѓаните со работата на законодавниот дом.
„Амбасадорот Пломп ја пренесе пораката за подготвеноста на холандската Влада и конкретно на Парламентот за широка соработка со институциите на Република Македонија и продолжување на сите започнати проекти меѓу двете држави“, соопшти Собранието.