ЕКСПРЕТСЕДАТЕЛОТ НА КОМИСИЈАТА ЗА ЛУСТРАЦИЈА ТОМЕ АЏИЕВ НА РАСПИТ ВО СЈО ЗА ИСТРАГАТА „МОЌНИК“ ВО КОЈА ГЛАВЕН ОСОМНИЧЕН Е МИЛОШОСКИ

    ЕКСПРЕТСЕДАТЕЛОТ НА КОМИСИЈАТА ЗА ЛУСТРАЦИЈА ТОМЕ АЏИЕВ НА РАСПИТ ВО СЈО ЗА ИСТРАГАТА „МОЌНИК“ ВО КОЈА ГЛАВЕН ОСОМНИЧЕН Е МИЛОШОСКИВо случајот „Моќник“ Милошоски е осомничен дека овозможил по ниски цени да биде распродаден државен имот на негови блиски луѓе. Вкупно се осомничени 13 лица. - Аџиев излегува од СЈО (Фото: СДК.МК)

    На распит во Специјалното јавно обвинителство денеска е поранешниот претседател на Комисијата за лустрација Томе Аџиев. Тој влезе во зградата на СЈО околу 13.30 часот и чека да биде повикан како осомничен, во рамки на истрагата „Моќник“, каде главен осомничен е пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ Антонијо Милошоски.

    На 18 март СЈО отвори предистрага против Антонијо Милошоски, неговиот татко, поранешен градоначалник на Македонски Брод и уште 11 лица.

    Во случајот „Моќник“ Милошоски е осомничен дека овозможил по ниски цени да биде распродаден државен имот на негови блиски луѓе. Вкупно се осомничени 13 лица. Покрај таткото и синот Милошоски, и поранешен градоначалникот на Општина Македонски брод. Тогаш обвинителката Фатиме Фетаи рече дека во заблуда бил донесен советот на општината да отуѓи и продаде задружен дом со што била нанесена штета од 50 илјади евра во 2011 година и притоа се направени кривичните дела Измама и Злоупотреба на службената положба и овластувања.

    Но, оваа истрага не ги опфаќа само злоупотребите и измамите со задружниoт дом, туку и други дела поврзани со моќта на Милoшоски како пратеник на власт. Се претпоставува дека делот со Томе Аџиев е поврзан со бомбата каде Антонијо му нарачува лустрација на неподобен судија од Кичево, Аџиев послушно ја прифаќа нарачката.

    С. К. ДЕЛЕВСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира