СДСМ најави дека уште оваа учебна година нема да има екстерно тестирање и дека уште денеска ќе ги достават до Собрание предлог измените на законите за основно и средно образование што се однесуваат на укинување на екстерното тестирање.
„Очекуваме по скратена постапка да се донесат законските измени и уште од оваа година да се укине екстерното тестирање за учениците од основното и средното образование“, кажа пратеникот Стефан Богоев на денешната прес-конференција.