ЕЛЕМ ЛАНИ ВРАБОТИЛ НОВИ 283 ЛИЦА, МЕПСО СО НАМАЛЕН ПРОФИТ ЗА 9 МИЛИОНИ ЕВРА

    ЕЛЕМ ЛАНИ ВРАБОТИЛ НОВИ 283 ЛИЦА, МЕПСО СО НАМАЛЕН ПРОФИТ ЗА 9 МИЛИОНИ ЕВРААД МЕПСО лани заработил 78% помалку од 2015 година. - Барокизираната зграда на МЕПСО (Фото: Ѓ. Личовски)

    Во компаниите во државна сопственост на крајот од 2016 година работеле 28.457 луѓе, што е речиси непроменет број во споредба со 2015 година, но од оваа статистика, што ја изготви Центарот за граѓански комуникации, отскокнуваат АД ЕЛЕМ, каде само лани биле вработени нови 283 лица, МЕПСО со 54 вработувања и АД за изградба и стопанисување со станбен простор и деловен простор со нови 29 вработени.

    Според податоците од завршните сметки што компаниите ги доставиле до Централниот регистар, АД МЕПСО лани заработил 78% помалку од 2015 година, зашто остварил добивка од 2,5 милиони евра. Лани, добивката на МЕПСО изнесувала 11,5 милиони евра. Добивката е намалена и кај АД за изградба и стопанисување со станбен простор и деловен простор. Тие лани имале 1,4 милиони евра, а претходната 2015 година 3,5 милиони евра.

    АД ЕЛЕМ има двојно повисока добивка од 2015 година и годината ја завршиле со 13,7 милиони евра профит. ЕЛЕМ е и најголем работодавач од државните компании со вкупно 4.810 вработени. Анализата покажува дека од вкупно 121 државна компанија, 39 го зголемиле бројот на вработени, кај 29 останал непроменет, додека кај 53 има намалување на бројот на работници.

    Од Центарот за граѓански комуникации велат дека дури 50 од овие фирми минатата година оствариле пониски приходи отколку претходната година.
    Најголема добивка лани остварило Јавното претпријатие за државни патишта, 33,6 милиони евра, која што е зголемена за 277% во споредба со годината претходно.

    Компаниите во државна сопственост минатата година оствариле вкупни приходи од 743,7 милиони евра што е за 5,6% помалку отколку во 2015 година,
    Истражувањето ги опфаќа сите претпријатија во државна сопственост (јавни претпријатија и акционерски друштва) основани од Владата или од Советите на општините и Град Скопје кои доставиле годишна завршна сметка до Централниот регистар на Република Македонија.

    ЧИТАЊЕТО Е БЕСПЛАТНО.

    АМА НОВИНАРСТВОТО НЕ Е.

    Поддржете го слободното, независно, професионално новинарство. Новинарство со интегритет.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира