Премиерот и лидер на СДСМ Зоран Заев кажа дека ерата на локални шерифи завршила на прославата на победата на локалните избори пред владата. Рече и дека радоста е голема, но голема е и одговорноста.
„Сакам да порачам дека ерата на локални шерифи заврши“, кажа Заев на прославата на победата пред Владата.
Додаде дека сега веќе „нема повеќе изговори, треба да ги засукаме ракавите и да работиме, зашто нашиот народ тоа го заслужува“.
Прогласувајќи ја победата, Заев кажа дека СДСМ победил во првиот круг во 37 општини, а во водство се уште во 15.