ЕУ ЌЕ СЕ НАВРАТИ НА ПРАШАЊЕТО ЗА ДАТУМ ЗА ПРЕГОВОРИ ВО ОКТОМВРИ

    ЕУ ЌЕ СЕ НАВРАТИ НА ПРАШАЊЕТО ЗА ДАТУМ ЗА ПРЕГОВОРИ ВО ОКТОМВРИСо исклучок на пофалбата за Договорот од Преспа, заклучокот за Албанија е потполно ист. - Од состанокот на министрите за надворешни работи (Фото: ЕУ)

    На денешниот состанок на министрите за надворешни работи на членките на ЕУ во Луксембург е договорено повторно да се навратат на отворањето преговори со Северна Македонија во октомври, јави дописникот на државната агенција МИА од Брисел. Во заклучокот од состанокот за Северна Македонија се вели дека е земена на знаење препораката на Европската комисија за отворање пристапни преговори, но поради важноста на прашањето и ограниченото време на располагање, за одредувањето датум ќе се расправа повторно, не подоцна од октомври годинава.

    „Потврдувајќи ги заклучоците од 26 јуни 2018 година, Советот силно го поздравува историскиот Преспански договор без преседан и добро ја зема на знаење препораката на Европската комисија за отворање на пристапните преговори со Република Северна Македонија врз основа на позитивната евалуација и направениот прогрес во исполнувањето на условите идентификувани од страна на Советот. Со оглед на ограниченото време на располагање и важноста на прашањето, Советот ќе се наврати со цел постигнување јасна и суштинска одлука најбрзо што може и не подоцна од октомври 2019 година“, гласи последната верзија на заклучокот за Северна Македонија.

    Со исклучок на пофалбата за Договорот од Преспа, заклучокот за Албанија е потполно ист.

    Како што јави дописникот на МИА, источноевропските земји најсилно се залагале за отворање на преговорите со двете земји без никакво одлагање, но отпорот од Франција, Германија и други западни земји останува преголем.

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира

    Коментари