ЕУ СО САНКЦИИ ПРОТИВ МАКЕДОНСКИ ПОЛИТИЧАРИ И ОДЗЕМАЊЕ НА ПРЕПОРАКАТА

a:1:{s:9:"td_source";s:34:"ДојчеВеле(СКОПЈЕ)

    ЕУ СО САНКЦИИ ПРОТИВ МАКЕДОНСКИ ПОЛИТИЧАРИ И ОДЗЕМАЊЕ НА ПРЕПОРАКАТА

    Во Брисел сериозно се размислува за воведување санкции против водечки македонски политичари, објавува Дојче Веле повикувајќи се на извори во Европската Унија. Планот е подготвен и најверојатно постапката која ќе предвидува серија мерки против поединци, но и кон државата наскоро ќе влезе во процедура преку Европската Комисија.

    ЕУ политичар кој инсистирал на анонимност попладнево за Дојче Веле потврдил дека откако претседателот Ѓорге Иванов прогласи амнестија и се откажаа разговорите во Виена, тоа е следниот чекор.

    „Точно е. Се размислува за сериозни санкции. Прв чекор ќе биде одземањето на препораката за почеток на преговорите“, вели изворот.

    Во денешната заедничка изјава на комесарот за проширување Јоханес Хан и тројцата европратеници кои посредуваа во македонската политичка криза, Ричард Ховит, Иво Вајгл и Едуард Кукан стои: „Во недостаток на натамошен напредок, сега сме принудени да размислуваме за натамошни чекори за исполнување на барањата кои беа поставени од Советот на ЕУ, Европската Комисија и Европскиот парламент“.

    Минатата недела и „Вол Стрит Џрнал“ цитираше анонимен дипломат на ЕУ кој ја најави можноста за санкции.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира

    Коментари