ЕУРОЛИНК ЌЕ СТИПЕНДИРА 25 СТУДЕНТИ НА ПРАВЕН ФАКУЛТЕТ

a:1:{s:9:"td_source";s:45:"Скопје,(САКАМДАКАЖАМ.МК)

    ЕУРОЛИНК ЌЕ СТИПЕНДИРА 25 СТУДЕНТИ НА ПРАВЕН ФАКУЛТЕТ

    Еуролинк осигурување, распиша конкурс за стипендирање на 25 студенти на Правниот факултет „Јустинијан Први“ – Скопје. Можност за аплицирање за целосна стипенција за покривање на трошоците за кофинансирање и оваа година имаат студентите на додипломски студии и студентите на постдипломски студии со просечен успех од положени испити од најмалку 8.5.

    „Продолжуваме да вложуваме во младите и перспективни студенти и да помагаме во развојот на образованието и науката во Република Македонија. Ги креираме инцијативите со чувства за лична одговорност за општествените текови и зачувување на основните хумани принципи што го прават животот подобар за сите. Затоа вложуваме во образованието и во културата. Сметаме дека реалниот сектор треба активно да се вклучи во градење успешен кадар, а со тоа и креирање сопствен долгорочен раст и развој“, истакна Олга Костовска, претседател на Надзорниот одбор на Еуролинк осигурување.

    Еуролинк осигурување го распишува конкурсот „Еуролинк стипендија“ во рамки на платформата за општествена одговорност „Еуролинк – Вашата врска со вистинските вредности“.

    Студентите може да аплицираат за„Еуролинк стипендија“ од 15.6.2016 до 15.9.2016 година со уверение за положени испити и кратка биографија со фотографија.

    Документите за аплицирање кандидатите треба да ги достават во печатена форма до проф. д-р Гоце Наумовски од Одборот за доделување „Еуролинк стипендија” во Архивата на  Правен факултет „Јустинијан Први” и во електронска форма на е-адресата: [email protected]

    http://www.eurolink.com.mk/fpage_aktivnosti_detail.asp?aID=6

     

     

    ЧИТАЊЕТО Е БЕСПЛАТНО.

    АМА НОВИНАРСТВОТО НЕ Е.

    Поддржете го слободното, независно, професионално новинарство. Новинарство со интегритет.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира

    Коментари