ЕВАКУИРАНИ ОПЕРА И БАЛЕТ И ОКОЛНИТЕ ЗГРАДИ, БЛОКИРАНИ УЛИЦИ ВО ЦЕНТАРОТ НА СКОПЈЕ

    ЕВАКУИРАНИ ОПЕРА И БАЛЕТ И ОКОЛНИТЕ ЗГРАДИ, БЛОКИРАНИ УЛИЦИ ВО ЦЕНТАРОТ НА СКОПЈЕЗградите се испразнети, а полицијата ги блокира и улиците од левата страна на Вардар во центарот на Скопје. (Фото: К. Попов)

    На барање на полицијата, евакуирани се Национална опера и балет, како и сите околни згради, дознава САКАМДАКАЖАМ.МК од вработени во институцијата. Зградите се испразнети, а полицијата ги блокира и улиците од левата страна на Вардар во центарот на Скопје. На децата од Балетското училиште кое се наоѓа во близина им рекле да не доаѓаат на часови. И на вработените во МНТ и во Филхармонијата им рекле да ја напуштат зградата. 

    Од МВР нема одговор за што станува збор. 

    Во близина се повеќе згради од посебен интерес, како што е Музејот на хололаустот, Музејот на ВМРО, Уставниот суд и Археолошкиот музеј. Целиот кварт го обезбедуваат специјалци.

    Вчера беа приведени три лица поради објава на два видеа на социјалната мрежа ТикТок во кои има лажни закани за можен терористички напад на еден трговски центар во Скопје.

     

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира