ФАЛСИФИКУВАНИТЕ ДОПИСИ МУ БИЛЕ ПРЕЗЕНТИРАНИ НА СЈО КАКО ВИСТИНИТИ

a:1:{s:11:"td_subtitle";s:185:"ДокументитесоневистинитеподатоцибилепрезентиранинасостаноквоУБКнапочетокотнаовојмесец

    ФАЛСИФИКУВАНИТЕ ДОПИСИ МУ БИЛЕ ПРЕЗЕНТИРАНИ НА СЈО КАКО ВИСТИНИТИ

    Скопје, 30 март, 2016 (САКАМДАКАЖАМ.МК)- Обвинителката Ленче Ристоска, на денешната прес конференција, истакна дека фалсификуваните службени дописи на Специјалното јавно обвинителство му биле презентирани како вистинити, за време на еден состанок во Управата за безбедност и контраразузнавање, на почетокот на овој месец.
    “Еден од осомничените ги употребил сите споменати службени дописи со невистинити податоци во службата како вистинити. Ваквите службени дописи ги презентирал на состанок во просториите на Управата за безбедност и контраразузнавање, во присуство на службени лица од УБК и на претставници на Јавното обвинителство за гонење кривични дела поврзани и кои произлегуваат од содржината на незаконското следење на комуникациите”, рече Ристоска.

    ЧИТАЊЕТО Е БЕСПЛАТНО.

    АМА НОВИНАРСТВОТО НЕ Е.

    Поддржете го слободното, независно, професионално новинарство. Новинарство со интегритет.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира

    Коментари