ФАТЕН ЕДЕН ОД ЧЕТВОРИЦАТА НЕДОСТАПНИ НАСИЛНИЦИ ВО М-НАВ И ЗА НЕГО ЌЕ СЕ БАРА ЕФЕКТИВЕН ПРИТВОР ЗАШТО БИЛ 8 ДЕНА ВО БЕГСТВО

    ФАТЕН ЕДЕН ОД ЧЕТВОРИЦАТА НЕДОСТАПНИ НАСИЛНИЦИ ВО М-НАВ И ЗА НЕГО ЌЕ СЕ БАРА ЕФЕКТИВЕН ПРИТВОР ЗАШТО БИЛ 8 ДЕНА ВО БЕГСТВООЈО Скопје улови уште една грешка на Кривичниот суд во разбирањето на Законот, упати да се читаат одлуките на Апелациониот суд Скопје (Фото:СДК.МК)

    Јавниот обвинител кој ја води истрагата за нападот на Контролната кула на М-НАВ денеска бил известен дека е фатен и уапсен еден од четворицата недостапни напаѓачи на Контролната кула на М-НАВ (Македонската навигација) на 4 јануари.

    „Јавниот обвинител во текот на денешниот ден беше известен од МВР дека е пронајдено и лишено од слобода уште едно од лицата кои беа опфатени со наредбата за истрага за истиот настан. Јавниот обвинител до судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје ќе достави предлог за определување мерка притвор за осомничениот кој досега беше недостапен за органите на прогонот“, кажаа попладнево од Јавното обвинителство на Скопје.

    ОЈО Скопје улови уште една грешка на Кривичниот суд во разбирањето на Законот.

    Обвинителството ја известува јавноста дека и покрај тоа што Основниот кривичен суд Скопје вчера информираше дека во предметот за случувањата во М-НАВ Кривичниот совет определил мерки куќен притвор за четворица осомничени, со навод:’против овие решенија странките имаат право на жалба пред Апелациониот суд Скопје во рок од 24 часа од приемот на решенијата’, сепак Законот за кривична постапка не дозволува обвинителството да се жали на донесените решенија. Имено, согласно член 169 став 3 од ЗКП, кој е наведен и во правната поука на донесените решенија, само обвинетиот, а не и осомничениот, има право на жалба во рок од 24 часа против решението на Советот и за таа жалба одлучува советот на повисокиот суд“, поучува Обвинителството.

    Натаму, Обвинителството упатува да се читаат одлуките на Апелациониот суд.

    „За ова веќе постои и претходна судска пракса на Апелациониот суд, па Обвинителството мора да ја почитува одлуката на Судот, иако и натаму смета дека мерката куќен притвор и определените дополнителни мерки на претпазливост не се доволни за обезбедување на осомничените и за заштита на постапката“, потсетува Обвинителството.

    На 4 јануари, по одржаната прес-конференција на претседателот на Синдикатот на контролори на летање Александар Тасевски, на која излегоа да му дадат поддршка сите контролори, инженери, инструктори и други вработени во знак на протест против самоволието на Хамиди, вработениот Беким Незири со најблискиот на Хамиди и уште 6 надворешни лица, упаднаа во радарската соба каде извлекле контролор на летање, кого физички го нападнале.

    Контролорот бил Албанец, а казната била затоа што излегол надвор да му даде поддршка на Тасевски.

    Осомничените сториле кривично дело со кое ја загрозиле безбедноста на Меѓународниот аеродром Скопје, незаконски и со намера да извршат дело на насилство против лице ги попречиле услугите на аеродромот. Со нивните дејствија тие ја загрозиле безбедноста на меѓународниот воздушен сообраќај во момент кога во воздушниот простор над државава се одвивале 28 летови под контрола на М-НАВ, со што се осомничени дека извршиле кривично дело за кое е предвидена казна затвор од најмалку пет години.

    Јавниот обвинител бараше притвор за осомничените, но Кривичниот суд им одреди поблаги мерки, па по жалба издејствува куќен притвор. МВР трага по уште тројца напаѓачи кои не се вработени во М-НАВ.

    С. К. ДЕЛЕВСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира