ФАТИМЕ ФЕТАИ ПОДНЕСЕ НОВ ИЗВЕШТАЈ ОД МВР СО КОЈ ВО „МОНСТРУМ” СЕ УРИВААТ ШПЕКУЛАЦИИТЕ ДЕКА ДЕЦАТА БИЛЕ УБИЕНИ НА ДРУГО МЕСТО, ПА ДОНЕСЕНИ НА СМИЉКОВСКО ЕЗЕРО

    ФАТИМЕ ФЕТАИ ПОДНЕСЕ НОВ ИЗВЕШТАЈ ОД МВР СО КОЈ ВО „МОНСТРУМ” СЕ УРИВААТ ШПЕКУЛАЦИИТЕ ДЕКА ДЕЦАТА БИЛЕ УБИЕНИ НА ДРУГО МЕСТО, ПА ДОНЕСЕНИ НА СМИЉКОВСКО ЕЗЕРОВо бегство во Косово сѐ уште се главните обвинети Алил Демири и Агим Исмаиловиќ и до денеска косовското Министерство за правда не дава да бидат екстрадирани во нашата држава. - Фатиме Фетаи пред Кривичниот суд (Фото: СДК.МК)

    Обвинителите Фатиме Фетаи и Гаврил Бубевски, делегирани од Обвинителството за организиран криминал и корупција, од денеска во случајот „Монструм“ за петкратното убиство кај Смиљковско езеро почнуваат со новите прибавени докази од МВР за расчистување на сите дилеми: дека наводно четирите деца и рибарот биле убиени на друго место, па донесени на езерото на 12 април 2012 година, дека „Опел омегата“ со која побегнале убијците бил подметнат и други шпекулации.

    Фетаи и Бубевски добиле долг извештај од МВР, со кој хронолошки се опишува крим-техника и увидните екипи хронолошки, до минута какви активности извршиле, какви докази нашле, што направиле со доказите… Сѐ до моментот кога ги дале како докази во судот.

    Се чита извештајот.

    Ова судење се одвива по вторпат, откако го презеде СЈО. Врховниот суд ги ослободи од притвор обвинетите за логистика пред и по петкратното убиство: Алил Демири, Африм Исмаиловиќ, брат му Агим Исмаиловиќ, Хаки Азири и Сами Љута.

    Во бегство во Косово сѐ уште се главните обвинети Алил Демири и Агим Исмаиловиќ и до денеска косовското Министерство за правда не дава да бидат екстрадирани во нашата држава.

    Пред да се чита извештајот направен за време на актуелниот министер Оливер Спасовски, Фетаи презентираше пред судот службена белешка за комуникација преку „Ватсап“ на албански јазик во јуни 2019 година.

    На обвинителката Фетаи ѝ пишал Шефќет Халачи, осуден во Диво Насеље, со кое ѝ кажува дека имал прислушувани материјали во врска со случајот „Монструм“.

    „Поздрав почитувана обвинителке, ќе ви пратам снимки од разговори за ‘Монструм’“, ѝ пишал тој. Потоа ѝ пишал дека тројца ги имаат тие прислушувани разговори, меѓу кои и Ел Чека, кој ќе ги пушти на Јутјуб.

    Благодарам, сето ова што го имате, пратете го во СЈО, му рекла Фетаи и за тоа направила службена белешка која денеска беше презентирана во Основниот кривичен суд.

    Адвокат на Халачи е Насер Рауфи, кој е бранител и на обвинети во „Монструм“.

    Овие бомби беа веќе пуштени во јавноста и на судењето.

    Но, извештајот се очекува да ги отстрани сите шпекулации дека децата не биле убиени на Смиљковско езеро, туку на друго место и наводно, од други обвинети, а не од овие.

    Според извештајот, движејќи се по пат на 12 април 2012 година околу 22.15 часот, пријавителот, граѓанин Зоран Велковски, забележал автомобил и до него како лежат 2 машки лица. Не застанал да лови риба на Смиљковско езеро, си заминал и настанот го пријавил на 192.

    Дошла и брза помош. Следува екипирање на увидна група, информирање на тогашниот дежурен истражен судија, обвинител.

    Во делот за идентификацијата на убиените, се расплакаа родителите на убиените момчиња. Некои тој дел не можеа да го слушаат.

    Следуваше опис на положбата на убиените. Кој на стомак, кој на грб, некој со клучеви во раце…Потоа опис како биле облечени момчињата, со какви проектили се убиени… Горните тренерки и блузи распарани од проектилите, пишува во извештајот.

    Но, сето ова беше неподносливо за родителите, кои плачеа во судница. Станаа, се побунија.

    „Судија, ова ние не можеме да го издржиме. Ова е болно за нас. Мора ли да се чита судија?“, го прекинаа родителите судијата Осман Шабани, но обвинетиот Фејзи Азири инсистираше.

    Извештајот продолжи без описот на телата. Се чита секој преземен чекор, со име и презиме на секој присутен инспектор, алфа, фотограф. Се наведува кога и каде се складирани доказите, постапката со нив, што било преземено да не се контаминираат земените траги и докази од местото на петкратното убиство.

    С. К. ДЕЛЕВСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира