ФЕНИ ПОЧНА СО ПРОИЗВОДСТВО

    ФЕНИ ПОЧНА СО ПРОИЗВОДСТВОГСОЛ како компанија што има договор за преработка на руда со ФЕНИ, е обврзана и за рестартирање на производниот процес на ФЕНИ

    Фабриката за фероникел од Кавадарци „ФЕНИ Индустри“ соопшти дека утрово компанијата го рестартирала производниот процес.

    „Електро-печката се враќа во работа со полна пареа, целосната опрема е ставена во функција и тековно се врши дотур на репроматеријали за континуирано производство. Рестартирањето на комбинатот следи по три седмици интензивни подготовки и набавки. Покрај исплатата на долговите кон повеќе од 700 вработени од страна на Еуроникел, претставништвото на ГСОЛ во Македонија, со рестартирањето на комбинатот повторно заживуваат бројни компании и од Кавадарци и од цела Македонија преку набавките за потребите на комбинатот“, велат од ФЕНИ.

    Од компанијата велат дека целиот процес за успешно рестартирање е помогнат и од стечајниот управник и неговиот ангажман околу ФЕНИ Индустри, и со поддршката од вработените.

    „ГСОЛ како компанија што има договор за преработка на руда со ФЕНИ, е обврзана и за рестартирање на производниот процес на ФЕНИ, што ќе доведе до обезбедување плати за вработените и враќање на фабриката во целосна функција“, велат од ФЕНИ.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира