ФИЛИП ПЕТРОВСКИ РАЗРЕШЕН, ЌЕ ГО ЗАМЕНИ КИРИЛ ПЕТРОВ ОД ПАРТИЈАТА НА ОРОВЧАНЕЦ

    ФИЛИП ПЕТРОВСКИ РАЗРЕШЕН, ЌЕ ГО ЗАМЕНИ КИРИЛ ПЕТРОВ ОД ПАРТИЈАТА НА ОРОВЧАНЕЦЕксдиректорот на Државниот архив Филип Петровски од времето кога беше претседател на Демократска десница. (архивска фотографија)

    Владата го разреши директорот на Државниот архив Филип Петровски на денешната седница и на неговото место го постави Кирил Петров. Новиот директор на Државниот архив е скопски адвокат и доаѓа од партијата Нова Алтернатива на Ѓорѓи Оровчанец, коалиционен партнер на СДСМ.

    На истата седница беа направени уште неколку други кадровски промени. Нов директор на Агенцијата за администрација е Спасе Глигоров, досегашен раководител на секторот за човечки ресурси во Општина Струмица. Тој доаѓа на местото на разрешената Жаклина Николовска. Потпретседателот на Социјалдемократската младина Дарко Каевски е нов директор на Агенцијата за млади и спорт, со која што досега раководеше Марјан Спасески.

    Апостол Симоновски, новиот директор на Државниот завод за статистика и досега работел во институцијата што ќе ја предводи, а разрешена е Лидија Костовска. Претседателот на општинската организација на СДСМ од Куманово Мартин Костовски доаѓа на директорската позиција во Службен весник на местото на Лука Кржалоски.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира