ФИЛИПЧЕ И ОФИЦИЈАЛНО ЈА ПРЕЗЕДЕ СДСМ ОД КОВАЧЕВСКИ, НАЈАВИ ДЕКА ЌЕ ЈА ТРАНСФОРМИРА ПАРТИЈАТА ВО ЕФИКАСНА ОРГАНИЗАЦИЈА

    ФИЛИПЧЕ И ОФИЦИЈАЛНО ЈА ПРЕЗЕДЕ СДСМ ОД КОВАЧЕВСКИ, НАЈАВИ ДЕКА ЌЕ ЈА ТРАНСФОРМИРА ПАРТИЈАТА ВО ЕФИКАСНА ОРГАНИЗАЦИЈАФилипче, кој е пратеник и поранешен министер за здравство, победи на партиските избори на 30 јуни. (Фото: СДСМ)

    Новиот претседател на СДСМ Венко Филипче денеска во седиштето на партијата ја презеде функцијата од експретседателот Димитар Ковачевски. Филипче на примопредавањето кажа дека довербата кај членовите и кај граѓаните може да биде вратена само со темелни промени.

    „Процесот нема да биде ниту брз ниту лесен, но освен темелни промени не постои друг начин да ја вратиме довербата кај членовите, за да може постепено да ја освојуваме и довербата кај граѓаните. Ќе водам со пример, ќе обединувам и ќе работам како што ветив, како што се обврзав пред членовите. Сечиј глас ќе биде слушнат. Со честа и отворена комуникација со членството ќе создадеме нова енергија на партијата која ќе ја трансформираме во една ефикасна организација. СДСМ ќе се врати посилна и ќе продолжи да биде мотор на општествениот напредок“, рече Филипче.

    Ковачевски се повлече под претседателската функција во СДСМ по катастрофалниот пораз на парламентарните избори на 8 мај. Филипче, кој е пратеник и поранешен министер за здравство, победи на партиските избори на 30 јуни. Филипче освои 9.052 гласа, а ривалите Јован Деспотовски 2.705 и Александар Бајдевски 905 гласа. Славјанка Петровска вчера се повлече од трката.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира