ВЕНКО ФИЛИПЧЕ И ОЛИВЕР СПАСОВСКИ ИЗЛЕГУВААТ ОД ИЗОЛАЦИЈА ПО ВТОРИОТ НЕГАТИВЕН ТЕСТ НА КОВИД-19

    ВЕНКО ФИЛИПЧЕ И ОЛИВЕР СПАСОВСКИ ИЗЛЕГУВААТ ОД ИЗОЛАЦИЈА ПО ВТОРИОТ НЕГАТИВЕН ТЕСТ НА КОВИД-19Филипче изминативе две недели одржуваше онлајн прес-конференции и состаноци. - Од изминатите седници на Владата. (Фото: Влада на РСМ)

    Завршува 14-дневната изолација на премиерот Оливер Спасовски и на министерот за здравство Венко Филипче, откако денес го добиле резултатот од вториот тест на КОВИД-19, кој исто како и првиот им ее негативен на вирусот.

    Тие, како и вицепремиерот Бујар Османи и министерот за образование Арбер Адеми, беа во изолација од 16 април, откако претходниот ден беа на состанок со кумановскиот градоначалник Максим Димитриевски, кој имаше позитивен тест на КОВИД-19.

    „Со ова практично завршува мојата 14-дневна изолација, која ја спроведов на сопствена иницијатива и покрај тоа што епидемиолозите не сметаа дека сум во ризик“, напиша Филипче на Фејбсук.

    Б. НЕСТОРОСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира