ФИЛИПЧЕ СЕ ВРАТИ НА КЛИНИКАТА ЗА НЕВРОХИРУРГИЈА СО НОВА МЕТОДА ЗА ОТСТРАНУВАЊЕ ТУМОР ВО МОЗОКОТ

    ФИЛИПЧЕ СЕ ВРАТИ НА КЛИНИКАТА ЗА НЕВРОХИРУРГИЈА СО НОВА МЕТОДА ЗА ОТСТРАНУВАЊЕ ТУМОР ВО МОЗОКОТНовата метода придонесува за прецизно отстранување на тумор на мозокот кај пациентите. - Д-р Филипче со колегите (Фото: Фејсбук/Венко Филипче)

    Поранешниот министер за здравство, д-р Венко Филипче, денеска на Клиниката за неврохирургија со неговиот колега, д-р Владимир Рендевски, кој е предложен за заменик министер за здравство, на операција за првпат изведоа нова техника што врши визуелизација, односно флуорeсцентно обојување на туморите. Оваа примена на напредна технологија, како што кажа Филипче, значајно придонесува за прецизно отстранување на тумор на мозокот кај пациентите.

    Д-р Филипче ни рече дека станува збор за повозрасен пациент кој имал проблеми со видот предизвикани од тумор во мозокот.

    „Со оваа техника се намалува можноста за хируршка грешка бидејќи прецизно се гледаат границите на туморот. Тоа е многу важно за вакви операции при животoзагрозувачки состојби, бидејќи се намалува ризикот да остане нешто неотстрането од туморот и се зголемува шансата за заздравување и продолжување на животот на пациентите“, вели Филипче.

    По заминувањето од министерската функција, д-р Филипче си се врати на редовна работа на Клиниката за неврохирургија и на Медицинскиот факултет во Скопје.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира