ФИНАНСИСКАТА ПОЛИЦИЈА ГО ГОНИ ЕКСГРАДОНАЧАЛНИКОТ НА КАРПОШ ЗА НЕАКТИВИРАНА БАНКАРСКА ГАРАНЦИЈА, ЈАКИМОВСКИ ТВРДИ ДЕКА ВЛАСТА МУ СЕ ОДМАЗДУВА

    ФИНАНСИСКАТА ПОЛИЦИЈА ГО ГОНИ ЕКСГРАДОНАЧАЛНИКОТ НА КАРПОШ ЗА НЕАКТИВИРАНА БАНКАРСКА ГАРАНЦИЈА, ЈАКИМОВСКИ ТВРДИ ДЕКА ВЛАСТА МУ СЕ ОДМАЗДУВАФинансиската полиција отворила истрага против поранешниот градоначалник на скопската Општина Карпош Стевчо Јакимовски за три јавни набавки, две за старите општински бараки и една за полштадот во населбата Жданец. - Стевчо Јакимовски (Фото:Г. Трпеноски)

    Финансиската полиција води истрага против поранешниот градоначалник на скопската Општина Карпош Стевчо Јакимовски за три јавни набавки, за старите општински бараки и за плоштадот во населбата Жданец.

    Претресот во куќата на лидерот на ГРОМ, Јакимовски трае веќе три часа.

    Јакимовски вели дека не е виновен за ништо и дека немал направено никаква финансиска малверзација кога бил градоначалник. Според него, се работи за техничка грешка и за политичка одмазда на СДСМ, а не и за криминал, бидејќи, како што вели, службите заборавиле да ја активираат банкарската гаранција.

    „Сите до еден кажуваат дека таа работа нема никаква врска со градоначалникот, ниту пак јас имам било каква врска со банкарската гаранција. Се работи за случај кога фирма која не го испочитувала договорот, сме го раскинале и сме ги дале на суд за надомест на штета. Службите заборавиле да ја активираат банкарската гаранција. Во сите јавни набавки нема ама баш апсолутно никаква врска со мене како градоначалник. Во првите два случаи се работи за општинските бараки, и една за плоштадот во населбата Жданец. Со фирмата пет години сме на суд и ние не можеме да се одбраниме од нападите на таа фирма. Сега очигледно е дека се здружиле заедно, со Финансиската полиција и судството. Им стоиме на располагање за се што треба, максимално ќе соработуваме со истражните органи да се расчисти оваа работа“, изјави лидерот на ГРОМ и поранешен градоначалник на Карпош, Стевчо Јакимовски.

    Г. ТРПЕНОСКИ

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира