Министерството за животна средина и просторно планирање вели дека контролата што Управата за финансиска полиција ја извршила во секторот за отпад при Министерството е во рамките на редовните работни обврски на Управата.
Оваа информација, како што кажаа од министерството, ја даваат за да се избегнат шпекулации со кои се нарушува угледот на институцијата.
„При контролата, направен е увид во документацијата која се однесува на колективни постапувачи со отпад и побараната предметна документација е уредно доставена на увид од страна на надлежните служби во Министерството“, велат од Министерството за животна средина.
Како што објави вчера САКАМДАКАЖАМ.МК, Управата за финансиска полиција потврди дека има истрага во Министерството за животна средина и дека во тек се завршните проверки. Според Управата многу брзо ќе има детални информации за контролата во Министерството за животна средина, за кои ќе ја информираат јавноста.