ФОНДАЦИЈАТА „ТРАЈЧЕ МУКАЕТОВ“ ПО 11. ПАТ ДОДЕЛИ СТИПЕНДИИ НА 40 СТУДЕНТИ ПО ФАРМАЦИЈА И МЕДИЦИНА

    ФОНДАЦИЈАТА „ТРАЈЧЕ МУКАЕТОВ“ ПО 11. ПАТ ДОДЕЛИ СТИПЕНДИИ НА 40 СТУДЕНТИ ПО ФАРМАЦИЈА И МЕДИЦИНА„Особено сме горди што во изминативе 11 години имаме вложено над 1,35 милиони евра во стипендирање идни лекари и фармацевти“ - Живко Мукаетов и честита на најдобрата студентка на Медицинскиот факултет Марија Тодоровска, која и самата е стипендист на фондацијата (Фото: МИА)

    Дванаесет студенти од Фармацевтскиот факултет и 28 студенти од Медицинскиот факултет при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ годинава ќе добијат стипендии од Фондацијата „Трајче Мукаетов“.

    Живко Мукаетов, претседател на фондацијата што ги носи името на неговиот татко и генерален директор на компанијата „Алкалоид АД Скопје“, кажа дека овие стипендии се доделуваат 11. година по ред. И годинава, фондацијата ги наградува  најдобрите студенти од двата факултети со еднократна парична награда од 1.200 евра. Оваа година наградени се Филип Илиевски од Фармацевтскиот факултет, со просек 9,78 и Марија Тодоровска од Медицинскиот факултет, со просек 9,83, кои се досегашни стипендисти на Фондацијата „Трајче Мукаетов“.

    „Стимулирањето и наградувањето на младите таленти се надевам дека ќе биде мотив повеќе за испорачување на уште подобри резултати и уште повисоки идни дострели во областа на македонското здравство и фармација. Особено сме горди што во изминативе 11 години имаме вложено над 1,35 милиони евра во стипендирање идни лекари и фармацевти, за 9 години дониравме над 24.000 евра за награди на првенците на генерациите на Медицинскиот и Фармацевтскиот Факултет при УКИМ а преку хуманитарните настани организирани под закрила на Фондацијата во изминативе 8 години дониравме околу 115.000 евра“, рече Мукаетов.

    Е. БОЧВАРОСКА

     

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира