Системот „Мое осигурување” функционира за осигурениците во цела држава, со тоа што поради технички прилагодувања во целосна функција ќе биде ставен до крај на денот, соопшти Фондот за здравствено осигурување на Македонија (ФЗОМ). Системот на Фондот беше хакиран на 7 февруари и оттогаш не се исплатени платите за јануари за јавното здравство, а доцнат и породилните отсуства, боледувањата и рефундациите на лекови.
„До овој момент, ‘Мој термин’ ги има преземено податоците заклучно со денешен датум, 20 февруари 2023. Сите платени придонеси од сите обврзници се евидентирани во ‘Мој Термин’. Ова значи дека сите здравствени работници и аптеки имаат можност да го проверат статусот на осигурување во”Мој термин’“, вели ФЗОМ.
Оттаму додаваат дека „активно работат и на системот за исплата на плати, породилни боледувања и други рефундации и очекуваат во текот на денов враќање и на останатите состеми“.
Ако не добијат плата, за денеска предупредувачки протест од половина час најавија дел од вработените во Градската општа болница „8 Септември“, како и синдикалните организации на вработени во здравствениот сектор.
Премиерот Димитар Ковачевски на 17 февруари кажа дека експерти и професионалци од Германија работат со тимовите на Фондот за здравствено осигурување на Македонија (ФЗОМ) за да се реши проблемот со хакерскиот напад на нивниот систем,
Б. НЕСТОРОСКА