ГАБРИЕЛ ЕСКОБАР ОД СТЕЈТ ДЕПАРТМЕНТОТ УТРЕ ВО СКОПЈЕ НА СРЕДБИ СО ПЕНДАРОВСКИ И ДРУГИ ФУНКЦИОНЕРИ

    ГАБРИЕЛ ЕСКОБАР ОД СТЕЈТ ДЕПАРТМЕНТОТ УТРЕ ВО СКОПЈЕ НА СРЕДБИ СО ПЕНДАРОВСКИ И ДРУГИ ФУНКЦИОНЕРИОд Амбасадата на САД велат дека за време на посетата Ескобар со домаќините ќе разговара за повеќе теми и заеднички приоритети за регионот. (Фото: принтскрин)

    Заменик помошникот на Државниот секретар на САД за Западен Балкан Габриел Ескобар доаѓа утре во Скопје на средби со претседателот Стево Пендаровски и други клучни функционери, соопшти Американската амбасада во Скопје.

    “Го поздравуваме пристигнувањето на специјалниот претставник за Западниот Балкан, Габриел Ескобар, во Скопје. За време на посетата, г.Ескобар ќе се сретне со претседателот Пендаровски и со други клучни функционери на 🇲🇰 да разговараат за повеќе теми и заеднички приоритети за регионот”, објавија денеска од Амбасадата на САД.

    На Самитот на Западен Балкан во октомври, Ескобар рече дека САД се свесни дека не сите земји од ЕУ сакаат брзо проширување, но дека САД работи заедно со ЕУ на решавање на проблемите, додавајќи дека искуството на САД со земјите од регионот кои се во НАТО е позитивно и дека ЕУ може да го очекува истото.

    Тогаш тој предупреди дека алтернативата е можност за поголема нестабилност во регионот и можност индивидуални влади да се изолираат оставени сами на себе да ги решаваат тензиите со соседите и етничките групи кои се на другата страна од границата, а вербата дека ќе бидат во ЕУ ќе направи многу да ги реши ваквите проблеми кои се провлекуваат изминативе 25 години.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира