ГАРЕТ СЕ ПОТПИША ВО КНИГАТА НА ЖАЛОСТ ВО РУСКАТА АМБАСАДА ЗА ЖРТВИТЕ ВО ПОЖАРОТ ВО КЕМЕРОВО

    ГАРЕТ СЕ ПОТПИША ВО КНИГАТА НА ЖАЛОСТ ВО РУСКАТА АМБАСАДА ЗА ЖРТВИТЕ ВО ПОЖАРОТ ВО КЕМЕРОВООд денеска, во просториите на руската амбасада е отворена книга на жалост во чест на жртвите на неодамнешниот катастрофален пожар во Кемерово, во кој загинаа 64 луѓе, од кои 41 дете. - Амбасадорот Гарет се потпишува во книгата на жалост (Фото: Ѓ. Личовски)

    Британскиот амбасадор во Скопје Чарлс Гарет се потпиша во книгата на жалост во просториите на Руската амбасада, отворена денеска во чест на жртвите на неодамнешниот катастрофален пожар во Кемерово, во кој загинаа 64 луѓе. Во книгата на жалост се потпиша и холандскиот амбасадор Воутер Пломп.

    Во книгата на жалост се потпиша и холандскиот амбасадор Воутер Пломп. (Фото: Ѓ. Личовски)

    Рускиот амбасадор Олег Шчербак на денешната прес-конференција за протерувањето на рускиот дипломат од Македонија поради случајот Скрипал се заблагодари за солидарноста што ја покажаа македонските граѓани со рускиот народ и со семејствата на настраданите.

    „Им благодарам на граѓаните што ни изразуваат сочувство и солидарност со нас во овие ужасни денови“, кажа амбасадорот Шчербак.

    Пожарот во трговски центар во Кемерово се случи на 26 март, а дури 41 од жртвите беа деца, кои биле во кино кога избувнал пожарот.

    Истрагата на руските власти за утврдување на причините за катастрофалниот пожар e во тек.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира