ГЕНЕРАЛНИОТ СЕКРЕТАР НА ВЛАДАТА МУХАМЕД ЗЕКИРИ ПОДНЕСЕ НЕОТПОВИКЛИВА ОСТАВКА ОТКАКО БЕШЕ ОТВОРЕНА ИСТРАГА ПРОТИВ НЕГО ЗА НЕЗАКОНСКА ЈАВНА НАБАВКА

    ГЕНЕРАЛНИОТ СЕКРЕТАР НА ВЛАДАТА МУХАМЕД ЗЕКИРИ ПОДНЕСЕ НЕОТПОВИКЛИВА ОСТАВКА ОТКАКО БЕШЕ ОТВОРЕНА ИСТРАГА ПРОТИВ НЕГО ЗА НЕЗАКОНСКА ЈАВНА НАБАВКАЗекири вели дека верува во институциите на системот, во правичноста и праведноста и дека вистината ќе излезе на виделина. (Фото: СДК.МК)

    Генералниот секретар на Владата Мухамед Зекири соопшти дека поднесува неотповиклива оставка од функцијата, откако утринава Обвинителството за организиран криминал и корупција кажа дека тој е осомничен заедно со двајца хрватски државјани дека со изигрување на тендерска постапка, незаконски присвоиле 145.400 евра.

    „Низ мојот работен век секогаш сум го одбирал вистинскиот пат, патот на чесноста, праведноста и вистината. На овие мои животни вредности сакам да останам доследен. Затоа, како човек со личен интегритет, ја поднесувам мојата неотповиклива оставка од функцијата Генерален секретар на Владата на Република Северна Македонија“, напиша Зекири на Фејсбук, обраќајќи се до премиерот Димитар Ковачевски.

    Зекири понатаму вели дека верува во институциите на системот, во правичноста и праведноста и дека вистината ќе излезе на виделина. Тој додава дека на сите институции им стои на располагање во секое време, за да ја докаже својата невиност.

     

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира