НА БУГАРСКИТЕ ИЗБОРИ ВО МАКЕДОНИЈА ГЛАСАЛЕ 327 БУГАРСКИ ДРЖАВЈАНИ, НАЈДОБРО ПОМИНАЛ БОЈКО БОРИСОВ СО 109 ГЛАСОВИ

    НА БУГАРСКИТЕ ИЗБОРИ ВО МАКЕДОНИЈА ГЛАСАЛЕ 327 БУГАРСКИ ДРЖАВЈАНИ, НАЈДОБРО ПОМИНАЛ БОЈКО БОРИСОВ СО 109 ГЛАСОВИБугарите вчера гласаа по седми пат од 2020 (Фото: АП)

    Вкупно 327 бугарски државјани во Македонија го искористиле правото на глас на вчерашните парламентарни избори во Бугарија, седми од 2020 година.

    Најмногу гласови освои ГЕРБ на Бојко Борисов – 109, кој беше и победник на изборите со 24,46% гласови. За реформистичката партија Продолжуваме со промената гласаа 53 луѓе, додека ултранационалистичката Преродба доби 48 гласови.

    До затворањето на избирачките места, 158 луѓе гласале во бугарската амбасада во Скопје, 40 во конзулатот во Битола, 40 на гласачкото место во Прилеп, 51 во Охрид и 38 во Струмица.

    На претходните избори во јуни, 340 Бугари гласале во Македонија.

    3.504 македонски граѓани се изјасниле како Бугари на пописот од септември 2021 во земјава. Тоа е 0,19 отсто од населението во Македонија. Дека бугарскиот им е мајчин јазик на пописот пријавиле 1.519 граѓани, што е 0,08 отсто од населението во земјата.

    Бугарија никако да излезе од политичката нестабилност откако протестите против корупција помогнаа да падне владата на Борисов во 2020 и земјата оттогаш ја водеа краткотрајни влади.

    „Ќе работиме на тоа да формираме влада. Сакаме да работиме со сите партии освен со Преродба“, изјави Борисов.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира