Нова герила акција на битолската Шарена револуција. Фонтаната со штитот на Филип Втори на плоштадот Магнолија, битолските демонстранти ноќта помеѓу понеделник и вторник ја наполнија со пена и порачаа „за почиста Битола, затворете го градоначалникот, ова е перална кај којно“. Во пената ставија пасош и над него напишаа „за 2 че (Двојче) извини шо се видовме“.
Герила акцијата следуваше откако на битолскиот градоначалник Кривичниот суд во Скопје му го одзеде пасошот како мерка за обезбедување. СЈО бараше да му биде изречена мерка притвор како првоосомничен за случајот „Транспортер“, но ваквото барање беше отфрлено и му беше изречена поблага мерка.
Талески и група директори на училишта, превозници и соработници од општината се осомничени дека организирале школски превоз за учениците далеку поскап од реалните цени.