ГЕРМАНИЈА ГО ОДОБРИ ПРИСТАПНИОТ ПРОТОКОЛ НА НАТО ЗА СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА, ЌЕ БИДЕ ПОТПИШАН ВО ФЕВРУАРИ

    ГЕРМАНИЈА ГО ОДОБРИ ПРИСТАПНИОТ ПРОТОКОЛ НА НАТО ЗА СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА, ЌЕ БИДЕ ПОТПИШАН ВО ФЕВРУАРИПротоколот ќе биде потпишан од постојаните претставници на земјите членки на НАТО во февруари и потоа ќе биде ратификуван во германскиот парламент. - Од посетата на германската канцеларка Ангела Меркел на Скопје во септември (Фото: Ѓ. Личовски)

    Германската влада го одобри потпишувањето на пристапниот протокол на НАТО за Република Северна Македонија, соопшти владиниот портпарол Штефен Зајберт.

    „Убедени сме дека пристапувањето на Северна Македонија во НАТО ќе придонесе за безбедноста и стабилноста не само на евроатлантската област и не само што ќе ја зајакне трансатлантската заедница, туку и ќе даде значителен поттик за понатамошна стабилизација на Западен Балкан“, додаде Зајберт.

    Протоколот ќе биде потпишан од постојаните претставници на земјите членки на НАТО во февруари и потоа ќе биде ратификуван во германскиот парламент. Пристапувањето ќе стапи во сила кога сите земји членки на НАТО ќе го ратификуваат протоколот.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира