ГЕРМАНИЈА ЈА ОТСТРАНИ МАКЕДОНИЈА ОД ЛИСТАТА ЗЕМЈИ СО КОВИД РИЗИК

    ГЕРМАНИЈА ЈА ОТСТРАНИ МАКЕДОНИЈА ОД ЛИСТАТА ЗЕМЈИ СО КОВИД РИЗИКВо Германија може да се оди или негативен ковид тест, или сертификат за вакцинација или потврда за прележан ковид. (Фото: СДК.МК)

    Македонија веќе не е земја во ризик за Германија, според новата листа која ја објави Институтот Роберт Кох. Новите правила ќе важат од утре.

    Бројот на активни болни од ковид-19 во земјава секојдневно паѓа, а според последната статистика од Институтот за јавно здравје, изнесува 425.

    Освен Македонија, поради намалувањето на бројот на новозаболени, од листата се тргнати и Србија, Хрватска, Босна и Херцеговина, Косово и Црна Гора.

    Германскиот институт, исто така отстрани повеќе земји како: Австрија, САД, Канада, Ерменија, Азербејџан, Канада, Либан, Молдавија, Украина и Кипар. Велика Британија сѐ уште е на листата.

    Лицата кои пристигнуваат во Германија со авион, мора да приложат или негативен ковид тест, или сертификат за вакцинација или потврда за прележан ковид.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира