ГИ АЛАРМИРАВМЕ УСТАНОВИТЕ СО МАГНЕТНА РЕЗОНАНЦА ДА ЈА ПРОВЕРАТ СНАБДЕНОСТА СО ХЕЛИУМ, ОТИ Е ЕДНА ОД СУРОВИНИТЕ ПОГОДЕНИ ОД ВОЈНАТА ВО ИРАН, РЕЧЕ КЛЕКОВСКИ

    ГИ АЛАРМИРАВМЕ УСТАНОВИТЕ СО МАГНЕТНА РЕЗОНАНЦА ДА ЈА ПРОВЕРАТ СНАБДЕНОСТА СО ХЕЛИУМ, ОТИ Е ЕДНА ОД СУРОВИНИТЕ ПОГОДЕНИ ОД ВОЈНАТА ВО ИРАН, РЕЧЕ КЛЕКОВСКИМагнетните резонанци не можат да работат без хелиум, рече Клековски. (Фото: К. Попов)

    Фондот за здравствено осигурување (ФЗО) денеска испрати апел до јавните здравствени установи што имаат магнетна резонанца да си ја проверат состојбата апаратите и снабденоста со хелиум, бидејќи тоа е една од суровините што е погодена со војната во Иран, кажа директорот Сашо Клековски.

    „И веќе скокнаа цените за 30 отсто на европскиот пазар. Без хелиум не можат да работат магнетните резонанци. Им укажавме да постапат со проверките, да си ги проверат состојбите на апаратите, да не има потоа проблеми“, кажа Клековски.

    Според последните информации, американскиот претседател Доналд Трамп објави дека ги одложил нападите врз иранските електрани по „продуктивни разговори“ помеѓу САД и Иран за завршување на конфликтот на Блиски Исток. Тој вчера се закани со целосно уништување на иранските електрани ако Иран не го отвори Ормускиот Теснец во рок од 48 часа. Овој ултиматум требаше да истече вечерва после полноќ. Трамп  кажа дека ги одложува нападите врз иранската енергетска инфраструктура за пет дена.

    Македонската Влада вчера донесе одлука данокот на додадена вредност (ДДВ) за горивата да се намали од 18 на 10 отсто. Како што кажа на прес-конференција премиерот Христијан Мицкоски, оваа одлука е донесена со цел да се спречи ценовен шок.
    „Врз основа на анализите на Регулаторната комисија за енергетика и состојбите на глобалниот пазар и берзите, се очекува на утрешната седница да предложат ново зголемување на цените на горивата и тоа за бензинот од 6,5 денари, а за дизелот од 10,5 денари за литар. Тоа би значело дека доколку не донесовме одлука за намалување на ДДВ, Еуросупер БС 95 ќе поскапеше на 93 денари, Еуросупер БС 98 на 95 денари, а дизелот на 102,5 денари. Со оваа наша одлука нема да имаме поскапување на бензинот, а дизелот ќе поскапи за 3,5 денари“, рече Мицкоски.

    Тој кажа дека освен веќе договорениот попуст од два денари за литар, ќе разговараат со „Окта“ за зголемување на попустот кон трговците, но најави дека очекува и тие да намалат дел од својот профит додека трае кризата.

    Намалувањето на ДДВ стартува од 24 март и оваа мерка ќе трае две недели.

    Б. НЕСТОРОСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира