ГИ ПОВИКУВАМ СИТЕ ДА ПРИЈАВУВААТ И ДА НЕ МОЛЧАТ, РЕЧЕ МИЦКОСКИ НА ПРОМОЦИЈАТА НА НОВО ТЕЛО ЗА БОРБА ПРОТИВ КОРУПЦИЈА

    ГИ ПОВИКУВАМ СИТЕ ДА ПРИЈАВУВААТ И ДА НЕ МОЛЧАТ, РЕЧЕ МИЦКОСКИ НА ПРОМОЦИЈАТА НА НОВО ТЕЛО ЗА БОРБА ПРОТИВ КОРУПЦИЈАМицкоски вели дека ова тело нема да биде само уште една административна конструкцијa. (Фото: Влада)

    Премиерот Христијан Мицкоски ги повика сите – граѓаните, медиумите, невладиниот сектор, бизнисот – да пријавуваат корупција и да не молчат, зборувајќи денеска на конститутивната седница на Меѓуресорското тело за координација на активностите против корупцијата. Станува збор за ново тело, со цел да воспостави координација помеѓу сите клучни институции: Државната комисија за спречување на корупција, Министерството за внатрешни работи, Јавното обвинителство, Финансиската полиција, Управата за јавни приходи, Царинската управа, Министерството за правда, Министерството за финансии и други.

    „Ова тело мора да биде местото каде што информациите се споделуваат навремено. Каде што никој не премолчува. Каде што се преземаат иницијативи, се следат случаи и се бараат резултати. Јас лично – како претседател на Владата – ќе бидам дел од секој извештај, секоја средба, секоја проценка. Ќе бидам најгласниот поддржувач на ова тело, но и негов најголем критичар – ако не дава резултати, се разбира“, кажа Мицкоски.

    Тој вели дека ова тело нема да биде само уште една административна конструкција, туку, како штo кажа, претставува чекор напред во обидот конечно да се воспостави функционален и синхронизиран систем кој ќе ѝ застане на патот на корупцијата.

    „И затоа ги повикувам сите – граѓаните, медиумите, невладиниот сектор, бизнисот – да бидат дел од овој процес. Да пријавуваат. Да реагираат. Да не молчат“, рече Мицкоски.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира