ГИ ПОЗДРАВУВАМЕ НАЈАВИТЕ НА БЕЛГРАД ЗА ЗАШТИТА НА ПРИЈАТЕЛСКИТЕ ОДНОСИ, СООПШТИ ВЛАДАТА

    ГИ ПОЗДРАВУВАМЕ НАЈАВИТЕ НА БЕЛГРАД ЗА ЗАШТИТА НА ПРИЈАТЕЛСКИТЕ ОДНОСИ, СООПШТИ ВЛАДАТАЧовек поминува покрај затворената српска амбасада во Скопје, откако вработените беа повлечени во Белград на консултации. (Фото: Ѓ. Личовски)

    Владата ги поздравува најавите од официјален Белград за заштита на пријателските односи и за враќање на состојбите во вообичаени рамки, откако по вчерашното повлекување на консултации на персоналот од Амбасадата на Србија во Скопје, српскиот претседател Александар Вучиќ кажа дека тоа било направено „да го заштитиме нашето пријателство со Македонците“.

    Владината прес-служба попладнево соопшти дека „новата Влада на Република Македонија е цврсто посветена и презема интензивни чекори во насока на решавање наспроти создавање проблеми, унапредувајќи ги добрососедството, соработката и партнерството со Република Србија, како и со другите земји од опкружувањето“.

    Во врска со повлекувањето на вработените од српската амбасада, од Владата велат:
    „Не носејќи избрзани заклучоци, ги поздравуваме најавите од официјален Белград за заштита на пријателските односи и за враќање на состојбите во вообичаени рамки“.

    Вучиќ рече и дека во Македонија имало офанзивно делување против органите и институциите на Србија во кое што „се замешани и други сили“, без да прецизира кои се тие други сили.

    ЧИТАЊЕТО Е БЕСПЛАТНО.

    АМА НОВИНАРСТВОТО НЕ Е.

    Поддржете го слободното, независно, професионално новинарство. Новинарство со интегритет.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира