ГИ СПУШТАА ПАНТАЛОНИТЕ, НИ ГИ ПОКАЖУВАА ГЕНИТАЛИИТЕ, СВЕДОЧИ СОВЕТНИЧКА ЗА НАСИЛСТВАТА И ШАМАРИТЕ ВО ОПШТИНА ЦЕНТАР

    ГИ СПУШТАА ПАНТАЛОНИТЕ, НИ ГИ ПОКАЖУВАА ГЕНИТАЛИИТЕ, СВЕДОЧИ СОВЕТНИЧКА ЗА НАСИЛСТВАТА И ШАМАРИТЕ ВО ОПШТИНА ЦЕНТАРПрвообвинет, како поттикнувач на насилствата, во предметот на СЈО е Никола Груевски, потоа Миле Јанакиески, Даниела Рангелова и уште осуммина други за насилство. На обвинетиот Димче Крстев (средина) му се суди во издвоена постапка. (Фото: СДК.МК)

    Денешното судење за насилствата во Општина Центар и нарачаните шамари од страна на експремиерот Никола Груевски за поранешниот градоначалник Андреј Жерновски почна со сведочење на советничката и оштетена Цветанка Симоновска. Таа раскажа како на 7 јуни 2013 година на петтата седница на новоизбраниот Совет на Општина Центар упаднала група граѓани, која со викањето и навредите кон советниците на СДСМ и претседателот на советот Мирослав Шиповиќ, го најавиле, како што рече таа, пеколот што следувал на продолжението на седницата на 10 јуни таа година.

    „На седми јуни влезе поголема група граѓани, да ја спречат седницата за предлог измените на ДУП-овите, на предлог на граѓанското здружение ‘Плоштад Слобода’. Ја згрешија страната, па претседателот Шиповиќ им рече на колегите од ВМРО-ДПМНЕ да им јават да дојдат од левата страна кај што седиме ние. Координацијата доаѓаше одвнатре. На секое отворање уста на Шиповиќ, Даниела Рангелова и Томислав Лазаревски ги земаа мобилните и им кажуваа да го засилуваат викањето. Навредуваа со погрдни и вулгарни зборови кои, кои не доликува да ги кажам во судов. Ги спуштаа панталоните, ги покажуваа своите гениталии“, сведочеше Симоновска за насилствата на седми мај.

    Првообвинет, како поттикнувач на насилствата, во предметот на СЈО е Никола Груевски, потоа Миле Јанакиески, Даниела Рангелова и уште осуммина други за насилство. Потоа Симоновска сведочеше за 10 јуни, кога истите граѓани, со помош на советничката група на ВМРО ДПМНЕ, буквално ја искршиле бараката број 6 во Општината, во која не останало ниедно стакло.

    „Андреј, Андрејчо, Ајде комуњари, Живи ќе ве запалиме, одовде нема да излезете“. слушале закани советниците на СДСМ додека летале компири, патлиџани, парчиња стакло по очите.

    На крај дошла специјална полиција, ОБСЕ и амбасадорите и така се спасиле тој ден од натамошни повреди.

    „Толпата се помири со судбината, полека почна да се повлекува. Советот го усвои дневниот ред. Работевме цела ноќ, до утредента во 7 часот наутро“, рече Симоновска во сведочењето.

    С. К. ДЕЛЕВСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира