ГИ ВРАТИВ ЗАКОНИТЕ ЗА СЈО ВО СОБРАНИЕ ЗА ДА ИМ СЕ ДАДЕ ПОВЕЌЕ ВРЕМЕ ЗА ПРИТИСОК НА ЕУ И САД, ВЕЛИ ПАВЛЕ ТРАЈАНОВ

a:1:{s:9:"td_source";s:45:"Скопје,(САКАМДАКАЖАМ.МК)

    ГИ ВРАТИВ ЗАКОНИТЕ ЗА СЈО ВО СОБРАНИЕ ЗА ДА ИМ СЕ ДАДЕ ПОВЕЌЕ ВРЕМЕ ЗА ПРИТИСОК НА ЕУ И САД, ВЕЛИ ПАВЛЕ ТРАЈАНОВ

    Поднесување на законите за Специјалното јавно обвинителство (СЈО) во Собранието во редовна постапка ја отвора можноста за консултации и координација меѓу партиите во законодавниот дом, но и со гаранторите на Договорот од Пржино (Европската Унија и Соединетите Американски Држави н.з.) околу прифаќањето на предложените измени. Ова е главната идеја за повторното ставање на дневен ред на измените на Законите за СЈО и за заштита на сведоци, вели за „Мета“, подносителот на измените, пратеникот Павле Трајанов.

    Трајанов законите за СЈО ги поднесе до Собранието вчера, една недела пред распуштањето на Собранието кое треба да се случи на 12 октомври, што го отвора прашањето дали тие воопшто ќе успеат да ја поминат собраниската процедура, утврдена со деловникот и ќе се најдат на седница.

    „Околу временскиот теснец можам да кажам дека во Собранието се повеќе се зборува дека распуштањето нема да се случи на 12 октомври туку тоа било некаде најдоцна до 27 октомври. Причината за ова е поднесениот предлог-буџет за 2017 година, кој доколку Собранието се распушти на 12 октомври нема да може да ја помине собраниската процедура“, вели Трајанов.

    Со поднесувањето на измените на законите за СЈО во редовна постапка, Трајанов вели дека очекува и ДУИ да го искристализира својот став, бидејќи како што вели, партијата иако декларативно го поддржува СЈО, на гласањето за законите во вторникот, најголем дел од нивната пратеничка група не гласаше за нив.

    „Законите, според информациите што ги имаме, се прифатливи и ДПА, но тие сакаат за ова да има консултација и консензус меѓу пржинската четворка“, вели Трајанов и додава оти очекува законите да ги поддржат и некои од пратеиците на ВМРО-ДПМНЕ, како кои, според него, имало вакво расположение.

    Инаку, владејачкото мнозинство во Собранието во вторникот оваа недела ги одби предлозите за измени на Законот за СЈО и на Законот за заштитени сведоци, поднесени од опозицијата во скратена постапка.

    Координаторот на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ, Илија Димовски по седницата изјави дека тие и во иднина ќе гласаат против и нема да ги поддржат барањата на СЈО.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира