ГЛАСАЊЕ ЗА УСТАВНИТЕ ИЗМЕНИ ЌЕ ИМА САМО АКО ИМА МНОЗИНСТВО, ВЕЛИ ЏАФЕРИ

    ГЛАСАЊЕ ЗА УСТАВНИТЕ ИЗМЕНИ ЌЕ ИМА САМО АКО ИМА МНОЗИНСТВО, ВЕЛИ ЏАФЕРИПрашан дали би поддржал одржување избори ако пропаднат уставните измени, Џафери рече дека тоа не е предуслов за избори. (Фото: СДК.МК)

    Претседателот на Собранието Талат Џафери вели дека гласањето за уставните измени за вметнување на Бугарите во Уставот може да биде и одложено ако не биде обезбедено неопходното двотретинско мнозинство. Тој вели дека има претходно искуство во Собранието кога немало услови за гласање за уставни измени, и тоа било оставено за подоцна кога ќе се создале услови за гласање.
    Пленарната седница за утврдување на потребата од уставните измени е закажана за 18 август и дебатата во принцип трае не подолго од десет дена.

    „Чинот на гласање не е врзан за денот последен, така што, за да се има јасност по однос на постапки. Тоа го предвидува и Деловникот, тоа го покажува и праксата претходно од слични иницијативи за уставни измени затоа што Собранието одлучува доколку има потребно мнозинство за одлучување. Така што, до тие рамки не можам да претпоставам што ќе се случува и како ќе се случува. Во тој контекст формално Собранието ќе почне со работа на 18 август, а чинот на гласање дали ќе биде по завршување на расправата или ќе биде одложено тоа зависи од конкретната состојба на тековните денови“, рече Џафери на денешниот брифинг со новинарите.

    Сепак, тој вели дека крајниот рок за завршување на постапката за носење на уставните измени е ноември, кога завршува скринингот на Европската унија.

    Прашан дали би поддржал одржување избори ако пропаднат уставните измени, Џафери рече дека тоа не е предуслов за избори.

    „Не е предуслов ако нема гласање за уставни измени да мора да се оди на предвремени избори. Предвремени избори може да се има само во една ситуација, а таа ситуација да се поднесе предлог – одлука за распуштање на Собранието и како што предвидува Уставот во рок од 60 дена од одлуката да се организираат избори“, рече Џафери, додавајќи дека засега нема разговори за техничка влада или за нејзино укинување.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира