ГО ОДБИВМЕ БАРАЊЕТО ЗА ПРЕЛЕТ НА ЛАВРОВ ПОРАДИ ВЛАДИНАТА ОДЛУКА ЗА ЗАТВОРАЊЕ НА НЕБОТО ЗА РУСКИ АВИОНИ, ВЕЛАТ ОД МНР

    ГО ОДБИВМЕ БАРАЊЕТО ЗА ПРЕЛЕТ НА ЛАВРОВ ПОРАДИ ВЛАДИНАТА ОДЛУКА ЗА ЗАТВОРАЊЕ НА НЕБОТО ЗА РУСКИ АВИОНИ, ВЕЛАТ ОД МНРНа 27 февруари, македонската влада донесе одлука да им се приклучи на другите земји од ЕУ во забраната за руски авиокомпании од македонскиот воздушен простор. - Министерот за надворешни работи Бујар Османи (Фото: СДК.МК)

    Министерството за надворешни работи го одби барањето на Руската амбасада за специјално одобрение за користење на воздушниот простор за лет до Белград, поради тоа што Владата веќе има донесено општа одлука за затворање на воздушниот простор на Северна Македонија за авиопревозници во сопственост на Руската Федерација, соопшти МНР.

    Станува збор за авионот со кој рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров требаше да дојде во Белград на дводневна посета на Србија. Прелет на Лавров не му одобрија и Бугарија и Црна Гора.

    Рускиот министер денеска и утре во Србија требаше да се сретне со претседателот Алесандар Вучиќ, министерот за надворешни работи Никола Селаковиќ, претседателот на Собранието Ивица Дачиќ и поглаварот на СПЦ, патријархот Порфириј.

    На 27 февруари, македонската влада донесе одлука да им се приклучи на другите земји од ЕУ во забраната за руски авиокомпании од македонскиот воздушен простор.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира