Премиерот Зоран Заев од собраниската говорница на седницата за владината реконструкција кажа дека го повлекува предлогот да биде и министер за финансии. Тој кажа дека Уставот и Законот за Влада дозволуваат премиерот да биде и министер, но, како што рече, кога е отворена дилема и дебата, треба да се послушаат сугестиите на опозицијата на и Антикорупциската комисија.
„Уставот и Законот за Влада дозволуваат премиерот да биде и министер. Сепак, му дадов налог на кабинетот да ја повлече мојата кандидатура за министер за финансии. Кога е отворена дилема и дебата, власта, премиерот и сите, треба да ја слушнеме опозицијата, но и телата како Антикорупциската комисија“, изјави Заев.
Но, тој рече и дека, согласно овластувањата, ќе раководи со Министерството за финансии до изборот на нов министер.
С. К. ДЕЛЕВСКА