ГО ВРАТИВМЕ ДОСТОИНСТВОТО НА ЛУЃЕТО ВО УНИФОРМА, КАЖА МИНИСТЕРКАТА ПЕТРОВСКА НА 30-ГОДИШНИНАТА НА АРМ

    ГО ВРАТИВМЕ ДОСТОИНСТВОТО НА ЛУЃЕТО ВО УНИФОРМА, КАЖА МИНИСТЕРКАТА ПЕТРОВСКА НА 30-ГОДИШНИНАТА НА АРММинистерката за одбрана Славјанка Петровска и претседателот Стево Пендаровски на денешното одбележување на јубилејот - 30 години АРМ. (Фото: К. Попов)

    Армијата на Република Северна Македонија (АРМ) денеска одбележува 30 години постоење, период во кој земјата стана членка на НАТО, најмоќната воена алијанса. Министерката за одбрана Славјанка Петровска на централната прослава во касарната „Илинден“ кажа дека го вратиле достоинството на луѓето во униформа и ги направиле достојни за нивното место во општеството како лица во кои граѓаните имаат најголема доверба.

    „Триесет години постоење е долг период кој сите ние го паметиме како време во кое трудољубиво се поместувани границите на сопствените достигнувања. Заслуженото место што денес Армијата го има дома и во НАТО Алијансата е постигнување за кое се имаат заложено многу поединци, поранешните Претседатели, Влади, министри за одбрана, началници на Генералштабот, старешини, војници и вработени.Го вративме достоинството на луѓето во униформа и ги направивме достојни за нивното место во општеството како лица во кои граѓаните имаат најголема доверба. Вие продолжете да ја чувате државата, а ние посветено уште повеќе ќе се грижиме за сите вас“, кажа министерката.

    На свеченоста, претседателот Стево Пендаровски со Орден за воени заслуги ги одликуваше првиот министер за одбрана Трајан Гоцевски, Организацијата на резервни офицери и логистичката база на Армијата.

    На прославата имаше дефиле на ешалони составени од припадници на сите команди и единици на Армијата, а беа изложени современи борбени возила со кои располага Армијата меѓу кои и штотуку добиените лесни оклопни возила од САД.

     

     

    ЧИТАЊЕТО Е БЕСПЛАТНО.

    АМА НОВИНАРСТВОТО НЕ Е.

    Поддржете го слободното, независно, професионално новинарство. Новинарство со интегритет.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира