ГОДИНАВА ИМА ТРИ МИЛИОНИ ПАТНИЦИ НА СКОПСКИОТ АЕРОДРОМ, ПЕТПАТИ ПОВЕЌЕ ОД 2010, ВЕЛАТ ОД ТАВ МАКЕДОНИЈА

    ГОДИНАВА ИМА ТРИ МИЛИОНИ ПАТНИЦИ НА СКОПСКИОТ АЕРОДРОМ, ПЕТПАТИ ПОВЕЌЕ ОД 2010, ВЕЛАТ ОД ТАВ МАКЕДОНИЈАДо крајот на годината од ТАВ очекуваат 3,2 милиони патници на скопскиот аеродром, а на охридскиот 262.000. (Фото: МТВ)

    Денеска на Меѓународниот аеродром Скопје е регистриран е тримилионитиот патник, рекоа од ТАВ Македонија, од каде до крајот на година очекуваат бројот на патници да биде 3,2 милиони, што е петкратно зголемување во споредба со 2010.

    „Патник на летот Скопје-Бари е тримилионитиот патник. Годинава бројот на патници е петкратно зголемен во споредба со лани. До крајот на годината очекуваме 3,2 милиони патници на скопскиот аеродром, а на охридскиот 262.000. Ова е голем успех, затоа што првата година од нашето работење во 2010 година имавме 684.000 патници, а во 2014 еден милиони. Во 2018 година регистриравме два милиони патници, а оваа година имаме 3 милиони патници“, кажа Неџат Курт, директор на ТАВ Македонија.

    Министерот за транспорт и врски Александар Николоски кажа дека три милиони патници на скопскиот аеродром е нешто што првпат се случува на историјата на Македонија.

    „Ако направиме споредба што нешто се случуваше пред неколку децении на скопскиот аеродром, претпоставувам дека тоа било незамисливо кога почнал да се развива овој аеродром. Но скопскиот аеродром веќе станува центар за целиот регион. Од септември минатата година до овој момент, за година и неколку месеци, имаме 21 нова дестинација до скопскиот и охридскиот аеродром, што многу говори за нашата посветеност. Тоа се најмногу нови дестинации што било која државата ги реализирала” рече Николоски.

    Николоски кажа дека наредната година стартуваат нови авиолинии и тоа од Скопје до Неапол и до Будимпешта од април, додека од Охрид до Катовице, Вроцлав и Милано ќе се лета од  28 јуни.

    А. АНТЕВСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира