ГОРАН ГЕРАСИМОВСКИ ОД СДСМ СЛАВИ ПОБЕДА ВО ЦЕНТАР

    ГОРАН ГЕРАСИМОВСКИ ОД СДСМ СЛАВИ ПОБЕДА ВО ЦЕНТАР„Ја дадоа поддршката“, напиша Горан Герасимовски на фејсбук профилот и се заблагодари на сите центарци. (Фото: Фејсбук)

    Кандидатот на СДСМ за градоначалник на Центар Горан Герасимовски ја победи кандидатката на ВМРО-ДПМНЕ Наташа Котлар, со околу 2.000 гласа разлика. Тој е новиот градоначалник на Општина Центар.

    Ја дадоа поддршката, напиша Горан Герасимовски на фејсбук профилот.

    Центар останува во вистински раце, победуваме убедливо со речиси 2.000 гласа разлика! Сакам да им заблагодарам на сите граѓани кои денес излегоа и ни ја дадоа поддршката. Центар останува демократска и отворена општина. Веќе од утре започнуваме со работа да ја оправдаме довербата и да продолжиме да ја развиваме општината и да го подигнуваме квалитетот на животот за центарци. Во оваа прилика сакам да им се заблагодарам и на сите кандидати кои беа дел од изборите во Општина Центар и за демократскиот изборен ден”, напиша Герасимовски.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира