ГОРЕШЕ ДИВАТА ДЕПОНИЈА ВО ШУТО ОРИЗАРИ, СКОПЈЕ ЗАСМРДЕ НА ОПАСНИ ГАСОВИ

    ГОРЕШЕ ДИВАТА ДЕПОНИЈА ВО ШУТО ОРИЗАРИ, СКОПЈЕ ЗАСМРДЕ НА ОПАСНИ ГАСОВИУште во попладневните часови се забележуваше висок црн чад од северниот дел на градот, од две блиски места, за околу 20 часот вечерва видикот натаму целосно да се замагли. (Фото:СДК.МК)

    Скопје вечерва се зачади, а во воздухот се чувствуваше тешка смрдеа, откако најверојатно при горење кабли се запалила дивата депонија во Шуто Оризари. Противпожарната бригада на Скопје успеала да го изгаси пожарот, но воздухот сè уште смрди.

    Информацијата за САКАМДАКАЖАМ.МК ја потврди директорот на Центарот за управување со кризи Стојане Ангелов, кој ни кажа и дека пожарот е изгаснат.

    При горење на депонии се шират отровни гасови и опасни честички во воздухот, а смрдеата се чувстува на километри.

    Уште во попладневните часови се забележуваше висок црн чад од северниот дел на градот, од две блиски места, за околу 20 часот вечерва видикот натаму целосно да се замагли.

    С. К. ДЕЛЕВСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира