ГОСТИВАРСКИОТ СУД ГО ПУШТИ ЗОРАН МИЛЕСКИ-КИЧЕЕЦ ОД ПРИТВОР

    ГОСТИВАРСКИОТ СУД ГО ПУШТИ ЗОРАН МИЛЕСКИ-КИЧЕЕЦ ОД ПРИТВОРЗоран Милески-Кичеец казната за „Рекет“ ја издржува во отвореното одделение во затворот во Струга. (Фото: СДК.МК)

    Кривичен совет на Основен суд Гостивар вчера ја укинал мерката притвор за затвореникот Зоран Милески – Кичеец, кој е осомничен дека ја предизвикал тешката сообраќајна несреќа кај Стража минатиот викенд, во која загина едно лице, а седуммина беа повредени. Ваквата одлука на судот доаѓа само три дена откако судија на претходна постапка му одреди 30 дена притвор на Кичеец на барање на обвинителството, според кое постои опасност тој да влијае на сведоците и да го повтори делото.

    Од Основен суд Гостивар за државната агенција МИА потврдија дека постапувале по жалба на одбраната на осомничениот и кривичниот совет донел решение за преиначување на мерката.

    Мерката притвор беше на барање на обвинителството, според кое тој претекнал на две полни линии и се судрил со две возила.

    Милески, кој е осуден на три години затвор во случајот „Рекет“, беше на едномесечен прекин на затворската казна, откако лекари од Охрид препорачале да се лекува од стрес, тахикардија и тешко дишење, а Управата за извршување на санкциите, му дала такво решение по препораката.

    Милески се возел со двајца српски државјани. Тој казната ја издржува во отвореното одделение во затворот во Струга.

    ЧИТАЊЕТО Е БЕСПЛАТНО.

    АМА НОВИНАРСТВОТО НЕ Е.

    Поддржете го слободното, независно, професионално новинарство. Новинарство со интегритет.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира