ГРАДИНКАТА ВО ВОЛКОВО ДОБИТНИК НА ГОДИШНАТА НАГРАДА ЗА АРХИТЕКТУРА

    ГРАДИНКАТА ВО ВОЛКОВО ДОБИТНИК НА ГОДИШНАТА НАГРАДА ЗА АРХИТЕКТУРААвтор на идејното решение е архитектот Филип Конески, додека во разработката на основниот проект како коавтор му се придружуваат м-р Даница Спасевска и м-р Анета Мартулкова, во улога на соработници. (Фото: К. Попов)

    Големата годишна награда за архитектура на Асоцијацијата на Архитекти на Македонија (ААМ), а под покровителство на Претседателот на Северна Македонија, Стево Пендаровски, беше доделена вчера во Музеј на Град Скопје. Наградата се доделува на најуспешното реализирано дело во календарската година.

    Наградата на ААМ се доделува под покровителство на претседателот Стево Пендаровски. (Фото: СДК.МК)

    За 2021 година добитник на годишната награда е објектот „Градинка во Волково“. Автор на идејното решение е архитектот Филип Конески, додека во разработката на основниот проект како коавтор му се придружуваат м-р Даница Спасевска и м-р Анета Мартулкова, во улога на соработници.

    Наградата се доделува на најуспешното реализирано дело во календарската година. – Градинката во Волково (Фото: СДК.МК)

    Објектот е лоциран на маргините на Волково, на возвишување, од каде се отвора поглед кон населбата и градот. Градинката е во завршна прва фаза, додека во втората фаза во иднина, се планира изведба на кровна градина.

     

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира