Министерката за труд и социјалната Мила Царовска кажа дека од 1 септември градинките ќе почнат со двосменско работење. Првите смени ќе бидат од 7:00 до 14:30 часот, а вторите од 14:00 до 21:30 часот, а ќе се работи и секоја прва сабота во месецот од 8:00 до 16:00 часот, согласно владината Одлука донесена на 10 јули годинава.
„Целта на двосменското работење е децата и родителите да ја добијат потребната грижа од јавите установи“, изјави Царовска на прес-конференција и најави нови инвестиции во градинките, посебно во руралните средини.
Царовска додаде министерството е подготвено за отворање нови работни места, што како потреба ќе ги наложи двосменското работење.