ГРАДОНАЧАЛНИКОТ НА БИТОЛА СЕ ПОЈАВИ НА РАСПИТ ВО СКОПСКИОТ СУД

a:1:{s:9:"td_source";s:32:"Скопје,(Плусинфо)

    ГРАДОНАЧАЛНИКОТ НА БИТОЛА СЕ ПОЈАВИ НА РАСПИТ ВО СКОПСКИОТ СУД

    Битолскиот градоначалник, Владимир Талески, претпладнево, околу 11 часот, се појави во Основниот суд Скопје 1, на распит пред судија на претходна постапка за случајот „Транспортер“, јави порталот „Плусинфо“. Тој во судот дошол со адвокатот Никола Додовски, кој е бранител на повеќето високи функционери на ВМРО-ДПМНЕ, за кои СЈО има отворено кривични постапки и беа на распит пред судија на претходна постапка.

    Талески е првоосомничен во овој случај на Специјалното јавно обвинителство, а покрај него за злоупотреби со превозот на ученици во Битола осомничени се уште 21 лице.

    Битолскиот градоначалник е дел од групата политичари и нивни соработници, за кои, по целосното поништување на аболицијата од страна на претседателот Ѓорге Иванов, СЈО побара да им бидат одредени мерки за обезбедување присуство, поради кривичните постапки што се отворени против нив.

    Специјалното јавно обвинителство од судот бара на Талески да му биде одредена мерка притвор.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира