ГРАДОНАЧАЛНИЦИТЕ ДА ПРЕСТАНАТ ДА ГО ПОПРЕЧУВААТ ТРАЈНОТО ВРАБОТУВАЊЕ НА НАСТАВНИЦИТЕ И ПРОФЕСОРИТЕ, РЕАГИРА ПРАВОБРАНИТЕЛОТ ЗИБЕРИ

    ГРАДОНАЧАЛНИЦИТЕ ДА ПРЕСТАНАТ ДА ГО ПОПРЕЧУВААТ ТРАЈНОТО ВРАБОТУВАЊЕ НА НАСТАВНИЦИТЕ И ПРОФЕСОРИТЕ, РЕАГИРА ПРАВОБРАНИТЕЛОТ ЗИБЕРИНставниците и професорите се малтретирани од сите градоначалници во Македонија, без исклучок, кажа Зибери (Фото:СДК.МК)

    Наставниците и професорите од основните и средните училишта не може да го трансформираат работниот однос од определено, во неопределено (трајно) вработување и покрај тоа што сега ја имаат таа законска можност.

    Денеска на презентирањето на Годишниот извештај, Народниот правобранител остро реагираше на однесувањето на градоначалниците во Македонија кои го малтретираат и се изживуваат врз наставниот кадар во училиштата.

    „Минатата година утврдивме повреда на правата на наставниците во постапка за трансформација на работниот однос од страна на локалните власти и државниот просветен инспекторат. Така, остварувањето на правото на трансформација на работниот однос од определено на неопределено работно време на наставниците во основните и средни училишта, е попречувано од скоро сите локални власти во државата. Градоначалниците ја одложуваа постапката и не носеа Решенија за формирање на нови Комисии за трансформација на работниот однос во образованието“, откриваше факти Правобранителот Зибери за тоа што им прави локалната власт на наставниците и на професорите низ државата.

    По упорната предметна интервенција на Народниот правобранител ( се доставувале Ургенции и Повторни ургенции…), Комисиите конечно се формирале, но потоа настанал, рече, друг проблем: Комисиите не закажувале седници, или на седница не ги разгледувале сите предмети, туку селективно, само по неколку од купот.

    “Поради непостапувањето по укажувањата доставувани до Комисиите и Градоначалниците, од страна на Народниот правобранител доставени се Укажувања за констатирани повреди на права на подносителите на претставките до Државниот просветен инспекторат Скопје (од причина што претседатели на Комисиите се претставници од просветниот инспекторат), како и до Министерството за образование и наука, со барање да се преземат ефикасни дејствија и мерки спрема општинските Комисии за трансформација на работниот однос во образование и да се прекине со повредата на правото на наставниците за трансформација на работниот однос. Министерството го препрати Укажувањето до Државниот просветен инспекторат, но ниту по едно Укажување не е постапено, со што и ДПИ придонесе и дозволи повреда на правото на наставниците од страна на локалните власти“, кажа Зибери.

    „Со оглед на фактот што на овие лица им се прекршени правата барам локалните власти и Инспекторатот веднаш да постапат по укажувањата на Народниот правобранител и да им го трансформираат работниот однос“, побара тој итност.

    С. К. ДЕЛЕВСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира